Ликови

Серијата е карактеристична по посебно големиот број ликови. Во текот на снимањето на третата сезона, забележано е дека учествувале дури 257 глумци кои играат главни или споредни улоги. Во 2014 година, неколку договори на актерите биле повторно напишани за да се вклучи и седмата сезона, како и зголемен хонорар, со што влегуваат меѓу најскапо платените телевизиски глумци. Следуваат оние кои се сметаат за дел од главните ликови. Лорд Едард „Нед“ Старк (Шон Бин) е глава на куќата Старк чии членови учествуваат во најголем број на настаните низ серијата. Со својата сопруга Кетлин (Мишел Ферли) имаат пет деца: најстариот син Роб (Ричард Маден), ќерките Санса (Софи Тарнер) и Арја (Мејзи Вилијамс) и синовите Брен (Ајзак Хемстед-Рајт) и Рикон (Арт Паркинсон). Вонбрачниот син на Нед е Џон Сноу (Кит Харингтон), кој со својот пријател Семвел Тарли (Џон Бредли) е во служба во Ноќнат...