Ликови

 Серијата е карактеристична по посебно големиот број ликови. Во текот на снимањето на третата сезона, забележано е дека учествувале дури 257 глумци кои играат главни или споредни улоги.
Во 2014 година, неколку договори на актерите биле повторно напишани за да се вклучи и седмата сезона, како и зголемен хонорар, со што влегуваат меѓу најскапо платените телевизиски глумци.
 Следуваат оние кои се сметаат за дел од главните ликови.
Лорд Едард „Нед“ Старк (Шон Бин) е глава на куќата Старк чии членови учествуваат во најголем број на настаните низ серијата. Со својата сопруга Кетлин(Мишел Ферли) имаат пет деца: најстариот син Роб (Ричард Маден), ќерките Санса(Софи Тарнер) и Арја (Мејзи Вилијамс) и синовите Брен (Ајзак Хемстед-Рајт) и Рикон (Арт Паркинсон). Вонбрачниот син на Нед е Џон Сноу (Кит Харингтон), кој со својот пријател Семвел Тарли (Џон Бредли) е во служба во Ноќната стража, која е под команда на Џор Мормонт (Џејмс Козмо). Љубовта на Џон е црвенокосата Игрит (Роуз Лесли).
Долгогодишниот пријател на Нед е кралот Роберт Баратеон (Марк Еди) кој е оженет со кралицата Серси од семејството Ланистер (Лина Хеди), а пак таа е во тајна врска со својот брат Џејми (Николај Костер-Валдау). Тие имаат три деца, од кои најстар е Џофри (Џек Глисон), наследникот на Железниот престол. Со нив живее и нивниот помлад брат, џуџето Тирион(Питер Динклиџ) со својата љубовница Шеј (Сибел Кекили) и телохранителот Брон(Џером Флин). На чело на семејството Ланистер се наоѓа лордот Тајвин (Чарлс Денс).
Членови на кралскиот Мал совет го сочинуваат Питер „Малопрст“ Бејлиш(Ејдан Џилен) и Варис (Конлет Хил). Право на престолот има и братот на Роберт Станис (Стивен Дилејн), кого го советуваат свештеничката Мелисандра (Керис ван Хаутен) и бившиот шверцер сер Давос Сиворт (Лијам Канингхем). Богатото семејство Тирел го претставува амбициозната Мерџори Тирел (Натали Дормер).
Од другата страна на морето, прогонети живеат братот и сестрата Визерис (Хери Лојд) и Денерис Таргеријан (Емилија Кларк), деца на поранешниот владетел на Седумте Кралства. Денерис е мажена за Кал Дрого (Џејсон Момоа) кој го предводи номадскиот народ Дотраки. Во нејзината свита се наоѓа протераниот витез сер Џора Мормонт (Ијан Глен).

Comments