Posts

Showing posts from April, 2019

Ликови

Image
  Серијата е карактеристична по посебно големиот број ликови. Во текот на снимањето на третата сезона, забележано е дека учествувале дури 257 глумци кои играат главни или споредни улоги. Во 2014 година, неколку договори на актерите биле повторно напишани за да се вклучи и седмата сезона, како и зголемен хонорар, со што влегуваат меѓу најскапо платените телевизиски глумци.   Следуваат оние кои се сметаат за дел од главните ликови. Лорд  Едард „Нед“ Старк  (Шон Бин) е глава на куќата Старк чии членови учествуваат во најголем број на настаните низ серијата. Со својата сопруга  Кетлин (Мишел Ферли) имаат пет деца: најстариот син  Роб  (Ричард Маден), ќерките  Санса (Софи Тарнер) и  Арја  (Мејзи Вилијамс) и синовите  Брен  (Ајзак Хемстед-Рајт) и  Рикон  (Арт Паркинсон). Вонбрачниот син на Нед е  Џон Сноу  (Кит Харингтон), кој со својот пријател  Семвел Тарли  (Џон Бредли) е во служба во  Ноќнат...